НЕЖЕН ТОН ОД УМЕШНИ ПРСТИ

Ново концертно пијано по 37 години

Test na nijansite na tonot na novoto pijano

Вештите прсти на децата разлејаа кадифени звуци од новото пијано на промоцијата во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Во тактот на музиката се растреперија срцата на десетици деца кои ги совладуваат тајните на клавирот во музичкото училиште. Дел од нив ја имаа среќата први да засвират на малиот концерт и да ги погалат ушите на посетителите со милозвучните тонови. Насмевки од задоволство извираа од лицата, бидејќи ќе можат да стекнуваат знаења на нов инструмент од познатата марка Јамаха.

Последното ново пијано било донесено во градов пред 37 години.

За набавка на “царот” на инструментите се обезбедени околу 19 илјади евра од новогодишниот донаторски концерт, од поддршката на бизнис секторот и од локалната самоуправа.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека новиот инструмент ќе привлекува ученици кон музиката, особено кон клавирот, и ќе создава услови за квалитетно образование.

Пијаното ќе служи и за уметниците кои ќе настапуваат во градот и за музичка едукација на талентираните ученици.

Loading