БОРЕЦ – ПРЕСПА ВО „РИЧКО“

Бараж за Суперлига

За сите ракометни љубители претстои интересен дуел в недела (18 ч.) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Станува збор за големата пресметка Борец – Преспа. Победникот добива статус суперлигаш, поразениот оди ранг подолу. Велешаните претходнава сезона ја завршија на претпоследното место и затоа ќе имаат шанса за спас. Ресенчаните беа трети и се учесници во баражот благодарение на тоа што Вардар 2 од Скопје нема право да биде трета екипа во Супер лигата од ист спонзор, покрај Вардар и Вардар јуниор. Најавени се навивачки групи од Велес и од Ресен, така што се очекува вжештена атмосфера и преполна трибина.

Одредувањето на Прилеп за домаќин на овој важен меч е признание за ракометните работници, кои ќе се погрижат сé да помине во најдобар ред, во соработка со гостите од РФМ.

Loading