ПЕТ ПОБЕДИ НА ЕВРОПСКО

Шах

Protiv cetvorica velemajstori - Robert Veleski

Во Ѓаково (Косово) се одржа 17-то Европско поединечно шаховско првенство, на кое наш претставник беше ФМ Роберт Велески. Во силна конкуренција од 254 учесници тој одигра солидно, освојувајќи го 133. место на конечната табела. Петпати беше поразен од интермајстор и четворица велемајстори, еднаш одигра нерешено, а успеа петпати да победи. Вкупно освои пет ипол поени, колку што сите имаат во групата учесници, предводена од 117-от, германскиот интермајстор Расмус.

Шаховските возбудувања допрва претстојат со екипните и поединечните државни првенства на Македонија.

Loading