ЗЛАТО ЗА ИЛИОСКИ

Кик – бокс

Kik boks

Успешно деби имаа натпреварувачите од КБК Шампион  на Интернационален куп во кик – бокс под наслов “Австрија опен” во Виена. Во лајт – контакт на рингот доминираше Трајче Илиоски до 51 кг. Тој беше надмоќен во пресметката со Австриецот Керими. Резултатот од финалната борба е 3-0 и заслужено е добиен златниот медал. До финалето стигна и Бојан Станојоски до 59 кг., кој загуби неправедно на поени од домашниот боксер Пареис. Останатите претставници, Енвер Османоски до 63 кг и сениорот во дисциплината К – 1 до 63 кг. Серхан Џафероски, го освоија четвртото место.

Тренерот Дарко Чатлески е задоволен од своите борци.

Zlato za Ilioski so trenerot Catleski

Loading