МЛАДОСТ 96 Е СУПЕРЛИГАШ

Пинг – понг: Поради неисправни документи на скопјаните

Неочекувана разврска во пингпонгарската Прва Лига. Екипата на Младост 96 го доби службено натпреварот со лидерот Ѓорче Петров во Скопје и на табелата се искачи на првото место. Службениот резултат  бил поради две причини.

– Младост го прекина натпреварот поради неспортско однесување на домашните и непоседување на лекарски прегледи за играчите. Првото место е голем успех за овој состав – вели тренерот – играч Златко Рикалоски.

Настапуваа уште: младите Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, Христијан Иваноски и најискусниот Методија Иваноски. Во наредното суперлигашко првенство ќе има градско дерби Младост-Младост 96. 

Loading