УМЕТНИК НА СТАДИОН

Најубавата атмосфера е со музика

Milozvicni noti - trubacot od Negotino

Атмосферата ја прават гледачите, а најубава е кога тие се натпреваруваат меѓусебно за поцивилизирано навивање со бодрење на милениците низ скандирање, песни, музика. Во неделата и во средата одушеви присуството на две групи поддржувачи на Вардар од Форино и на Вардар од Неготино. Во побројната, неготинска група “Винари” печат на навивањето остави еден трубач. Неуморно, цело време свиреше не само навивачки, туку и забавни песни. Вистински уметник. Држеше концерт. Цел стадион се расположи од милозвучните ноти. Кој пее – зло не мисли. Што повеќе музика, толку помалку навреди на трибините.

Вардар Неготино првиот меч го доби (3-0), вториот беше слично (2-0) и оваа екипа доби статус на второлигаш.

Loading