ПРИСТАНИШТЕ ЗА ЉУБОПИТНИТЕ, СВЕТИЛИШТЕ ЗА ВЕРНИЦИТЕ

Централниот манастир во МариовоСвети Илија

Камена црква со античкикорен” и уникатен фрескоживопис од 19 век, обновена од дедо Спасе Чешелков

– “Пресни” конаци и камбанарија

Stolb na minatoto i patokaz vo idninata - Crkvata Sveti ilija

Златни зраци го раскинуваат бистрото небо. “Итаме” низ мариовскиот предел кој личи на камена “крстилница”. Осаменост.  Нема луѓе да стишат или разгорат тага и радост. Сé како да е “пусто”. Нема жители во селото Мелница, во чија близина е манастирот Свети Пророк Илија. Стадата овци со клопотарци на овните ја уриваат тишината проткаена со песната на птиците. Рај е монотонијата, заплеткана со мистериозност.

Сончева жега ги пие дрвцата. Се шират “рацете” на природата да ја откријат величенствената глетка на манастирот. Се “вовираме” низ грандиозната капија, за која легендата вели дека ја направил старешината на војската од првата светска војна кога манастирот бил магацин. Парализираниот старешина ветил дека ако оздрави ќе го крене манастирот. Оздравел и капијата е негово дело. Манастирскиот комплекс е ограден со камен ѕид, а дворот е чист со искосена трева.

Раззеленетиот “превез” е обалагороден со брест, даб, сливи, јаболка, грмушки, жбунови… Чекор по чекор опива магијата, волшебниот мир, спокојството, тишината. Збор да не се изговори, секое ливче на долгогодишниот даб, како свето дрво, шумоли и гали.

ВО ПРЕГРАТКА НА МАНАСТИРОТ

Umentiko delo vo crkovniot oltar

Прегрнува силно манастирскиот комплекс. Камената црква “зрачи со личотија”. Се откинуваат воздишки. Амбиентот мами, со силна верба во Бог да ја нахраните вашата духовност, со порака која извира од секој камен поставен на црквата. Колку камења, толку историја, толку Божји галења. Копнежот може да се смири, животната сила се обновува. “Срцето” на манастирот е пристаниште за љубопитни и светилиште за верниците.

Внатре, ѕидовите говорат преку раскошно забележаните мисли на времето. Царство на фантастичен уметнички израз со посебен сенс кон религијата. Црквата Свети Пророк Илија е катче на врвен фрескоживопис, ризница на светители и настани од Библијата, доловени на квалитетен начин во 1881 година од познатиот Аврам Дичов од Тресонче. Ретка композиција е Страшниот суд низ која провејува пораката за гревовите кои ги правеле луѓето и судот кој следел. Се забележува дека секоја фреска весла со посебна приказна со порака. Сонце огрева, а дожд гасне жед. Фреските се како бисер исплетен од трепет на таинствени зборови. Нешто клокоти, се случува од дамнина.

АНТИЧКИ ТЕМЕЛИ

Дедо Стале Чешелков го обновил манастирот во 1872 година, а фрескоживописан е 1881 година. Според преданијата, тој бил од Полчишта и служел на Атос, во Грција. Некој, таму, го посоветувал да го закуќи манастирот, како да почне градба и како да прибере имот. За итриот дедо, насликан во црквата, се раскажува легенда. Тој требало да оди некаде. Ја извадил иконата од Свети Пророк Илија пред манастирот и í рекол да го чува храмот. Кога се вратил ги немало кокошките. Со прачка в раце и се “заканил” и ја карал иконата. Другиот ден се вратиле кокошките живи.

Се мисли дека црквата е градена на темел од урнат храм.

– Во близината има археолошки локалитет со голема населба, од доцната антика – ѕидови, споменици, скулптури, садови и слично. Не е чудно манастирот да има корени од тоа време. Има керамика, бронза… Тоа се траги од праисторијата. Веројатно, црквата е остаток од развиена култура. Можеби и од турско, зашто градбата е камена со карактеристична впечатлива архитектура. Црквите се правеле да бидат вечни – кажува Тренчо Димитриески, новинар и истражувач.

Уште вирее легендата дека во црквата има закопано злато. Затоа пред неколку децении биле искршени плочките од “трагачи по богатства”.

КРПЕЊЕ” НА ЦРКВАТА И РЕНОВИРАЊЕ НА КОНАКОТ

Нужно е “крпење” на црквата. Пукнатините “зјаат” над вратата и  ѕидовите. Оштетена е фреската на Свети Пророк Илија.

– Стручнаците треба да ја проценат оштетеноста и да кажат како ќе се санира. Комплицирано е, а е потребна заштита на најатрактивното светилиште во Мариово. И верниците и посетителите треба да помогнат – велат дел од малкуте стари жители на Мариово.

Камбанаријата зрачи во белина. Пресно е градена со блокови. Сјае “педантност”. И на конаците им е потребно дотерување, иако се правено во поново време. Долу е трпезаријата.

– Со спонзорства се уредува комплексот. Се менува ентериерот и се реновираат собите. Сакаме да го вратиме селскиот и манастирскиот туризам – кажува Спасе Чакрески од Витолиште.

Слави на манстирот се Свети Илија, Ѓурѓовден, Цветници и Благовец. Во тие денови во манастирот врие како во кошница, зашто има гости кои кампуваат и околу.

УНИКАТЕН КЛАДЕНЕЦ

Во комплексот се измешани сите бои и мириси. Се допира измешаната позлата на вековите. На десет метри под манастирот обновен е кладенецот што жубори пролетно време со водичка за здравје. Местото го сонил поранешен жител на Мариово и го изградил. Местото било суво како пустина, а утрината бликнала чиста вода. Жителите пренесуваат дека мариовецот од Австралија имал визија. Со камени парчиња ја канализирал водата чиста како солза. Понекогаш зараснува со треви, но жителите не го запоставуваат. Го чистат и го уредуваат, иако лете секнува. Се смета дека не само што е за пиење и миење, туку е и илач.

Подолу “плиска” водата од т.н Витолишка река или Бутурица. Не се гледа од бурјакот испреплетени жбунести “љубовници”, небаре се бакнуваат. Рајско зеленило околу.

Во мариовската таинственост се ужива и на историскиот “талог” на манастирот Свети Пророк Илија.

ПРОРОКОТ СВ. ИЛИЈА СО ОГНЕНА СИЛА НА ЗЕМЈА И КОН НЕБО

Пророкот Илија живеел 900 години пред Исус. Зборувал со Бог и сведочел за постоењето на вечниот живот. Бил чудотворец,боговидец, небоземен граѓанин. Ангел во телото, столб на пророците. Кога се родил, татко му видел ангели околу него кои со оган го повиваат детето. Тоа било знак дека детето ќе има огнена сила и пламен карактер, дадени од Бог. Цел живот се молел кон Бог во пустина. Правел чуда, спасувал, хранел… Се вознесол на небото, со огнена сила и огнени коњи…

ОГРОМНА ФРЕСКА НА “ТАЈНАТА ВЕЧЕРА”

Сликарките Кристина Малинческа, Александра Богоеска, Маја Најдоска и Ивана Младеновска ја насликаа фреската “Тајната вечера” во големи димензии во конаците на манастирот Свети Илија.

Фреската, долга 3,5 метри и висока два метри, е пренесувана според оригиналот на Леонардо Да Винчи.

КОЈ ПАТ ВОДИ ЗА МАРИОВО

Decata po stakite na dedovcitre

Метеж во пустото Мариово. Триесет и второто издание на Мариовско – мегленските средби собра неколку стотина иселени мариовци, мегленци и љубители на природата да го почувствуваат здивот на ненаселениот простор во обид за одржување на фолклорното и културното наследство. Пече носталгијата кај поранешните жители кои од мариовската лулка отпловиле низ светот. Со солзи во очите тагуваат за родната грутка и завија оро на песната “Кој пат води за Мариово” на средбата во манастирот Свети Илија.

Советничката за култура, Снежана Ристеска, оцени дека манифестацијата е придонес за развојот на руралниот туризам и промовирањето на чистата животна средина.

Средбата привлече 800 учесници од Балканот да возат велосипеди, да трчаат низ планините, да се качуваат на карпи и да планинарат во промоција на богатиот алтернативен туризам.

Loading