МУСКУЛНАТА МАСА НА МАКЕДОНСКАТА ГОРДОСТ

Прилепчанецот Давид Бучкоски избран за Мистер во Австралија

– Професионален тенисер е и во клубот Соренто

Prilepskata atleta uziva vo drustvo na ubavicite od     Balkanot

Прилепчанецот Давид Бучкоски, кој веќе 11 години живее во Перт, главниот град во најголемата држава на петтиот континтет, Западна Австралија, се закити со титулата Мистер на Дијаспората на манифестацијата млад “Мис и Мистер” во тамошниот српски културен центар. Како победник добил повратен авионски билет за земјата која ја претставуваше, односно Македонија. Покажувајќи не само мускулна маса, елеганција и шарм, 23 годишниот прилепчанец е при крај со студиите за професор по физичко образование.

На дебито на модната писта, оценуван бил од професионално жири од неколку модни куќи. Желбата му била Македонија да има претставник на манифестацијата на иселениците.

– Мотивот дојде од предизвикот кој си го поставив – да учествувам на културно – моден и интернационален настан, претставувајќи ја македонската заедница од Перт во најдобра светлина. Мајка ми, ми сугерираше да се пријавам на модни фотографирања. Наградата ја посветив на родителите, за сé она што направиле да ме изградат како личност – кажува Мистерот на Австралија за Македонија.

Gord pretstavnik na Makedonija na Pettiot kontinet e    teniserot Buckoski

Атлетата, на кому му лежи спортскиот стил, на пистата се прошетал во неколку комбинации. Еднаш носел свечен костим, другпат во костим за пливање и третиотпат во спортска облека и опрема.

– Најпријатно се чувствувам во спортска облека. Се трудам да бидам попристојно облечен да им бидам модел на младите како треба да се облекуваат и да го негуваат спортот – советува Бучкоски. 

Освојувањето на титулата како претставник на Македонија, позитивно се одразило на кариерата.

– Титулата е потврда на вложувањата во кариерата. Таа е сертификат на личниот и професионалниот ангажман во спортот и студиите. Им порачувам на сите да работат со љубов и задоволство, било во спорт, култура, во сите домени. Така доаѓаат резултатите – додаде Бучкоски.  

Misterot na Makedonija so roditelite

Професионално игра тенис во клубот Соренто во првата државна Австралијска лига. Едновремено е професионален тренер за тенис и фитнес. Освен мајсторствата со рекетот и топчето, покажал дека го бидува и за музика со исполнување на песната на Тоше Проески, “Македонија навива за вас”. Одржувал ритам на тапан и триумфирал меѓу талентирани, млади и убави момчиња со балканско потекло, односно од Србија, Македонија, Бугарија, Романија и Грција, како и од Русија. 

Бучкоски, не само што ја прослави убавината на младоста, и тоа не само физичката, туку и на душата и битието, покажува  дружељубивост, пожртвуваност и несебичност.

– Вниманието беше свртено кон мене во текот на изборот. Многумина ми честитаа, велејќи ми “Ти си наша македонска гордост”. Се дружев со учесниците од Бугарија, Грција, Русија, Србија и научив за традицијата на другите нации – додава прилепчанецот, кој го “затресе” петтиот континент афирмирајќи ја Македонија.

Тој ги демонстрира енергијата, еланот и волјата на младата генерација, која е носител на иднината, оти е полна со прогресивни погледи. Ги загреал срцата на илјадници Македонци, и оние во странство, и оние во родната земја.

ТЕНИСОТ ГО ЗАСАКАЛ ВО ПРИЛЕП

Добил стипендија за тенис во средното спортско училиште Kent Street Senior, каде три години со ред бил школски шампионат, а се закитил и со мноштво признанија на државно ниво во Западна Австралија. Бил и во САД во позната тениска академија во Тампа, Флорида. Покажал врви резултати во тенисот и на Универзитетот Palm Beach Atlantic. Љубовта кон тенисот се родила во Прилеп, откако вујко му му подарил рекет за шестиот роденден.

– Тенисот е елегантен спорт, кој бара дисциплина на теренот и надвор. Горд сум што сум од коренот на формирањето на тенисот во Македонија. Благодарен сум на тренерите Златко и Горан. Тие ми ги открија тајните на овој спорт и ми овозможија напредок – додава тенисерот, кој е голем љубител и на фудбалот и страстен навивач за Манчестер Јунајтед. 

Loading