КОСТИМ ОД КРОЈАЧ ИЛИ МАРКА ОД СОЛУН

Матурата некогаш и денес

Вечерни тоалети, прекрасни фризури, средени нокти, накит, костими, цвеќе, горди родители, момчиња и девојки полни среќа и радост… Сето ова се неопходни детали за матурантите за прославата на завршувањето на средното образование. Матурата отсекогаш претставувала битен момент во животот на секој млад човек. Симболично се означува преминот од детството во светот на возрасните. Подготовката значително се менува низ годините. Денес се купуваат фустани во најскапите бутици, а професионален шминкер  се подразбира за оваа посебна вечер. Додека пред 50 години сé изгледало поразлично и поскромно.

Еве, што мислат сограѓаните за матурските прослави: 

1. Dime Jakovleski

Диме Јаковлески: Матурата е небаре свадба. На прослава на матура бевме во хотелот Застава во Охрид. Ноќта ја минавме таму и се вративме другиот ден. Огромна е разликата. 

 

2.Denica Kostadinoska  

Деница Костадиноска: Одевме од 18 ч. до полноќ најдоцна. После веднаш дома. Голема работа беше да се заврши средно. Радост за запишување на факултет. Се чувствувавме посилни, самостојни,  одлучуваме сами.

3.Roza Gjorgjioska  

Роза Ѓорѓиоска: Се смени сé, само не се промени фактот дека е вечер која и натаму останува да се памти цел живот. Ниту гости каневме по кафеани, ниту имаше толку финансиски трошоци. 

4.Anis Pekiroska  

Анис Пекироска: Одевме на матура без шминка и фризура. Денес младите имаат повеќе можности за избор.  

5.Viktor Radeski  

Виктор Радески: Поминав супер на матурата пред шест години. Од Крушево во Прилеп и славевме до сабајле.  

6.bracniot par Jovanoski  Сопружниците Јованоски: Пред 53 години бевме на матура во Отешево. Сите бевме исти во облеката. Во Гимназијата со едни балетанчиња и едно здолниште минавме четири години. Младиве денес збеснуваат. Некои купуваат облека во Солун. Одат со искинати фармерки, оти било тренд. Има големи разлики.
7.Violeta Gjorgjioska  

Виолета Ѓорѓиоска: Изгледот е на прво место. Трошевме пари за дотерување, да си погоден по последна мода. Порано имаше само македонска стока. Се разликувавме од денешните матуранти, оти се послободни. 

8.Edita Resitoska  

Едита Решитоска: Матурската вечер не се заборава, оти еднаш се завршува средно и ретко пак ќе се собереш заедно. Гледав да си поминам што поубаво. Друго ништо не ми беше битно.

9.Natasa Kostadinoska  

Наташа Костадиноска: За матура се одеше подалеку, во други градови. Повеќе се забавувавме, отколку да гледаме на гардеробата. 

10.Marija Stojanoska  

Марија Стојаноска: Матурирав пред три години и беше преубаво. Фокусирана бев на фустанот, да биде посебен. Сега ми е криво што дадов толку пари, а не вредеше. 

11.Dime Dzagaduroski  

Диме Џагадуроски: Окупиран бев околу изборот на партнерката. Ништо друго не ми беше важно. На гардеробата не се обрнуваше внимание, оти “стегнати” бевме од родителите. Сега не е така. 

12.Tode  

Тоде: Матурската вечер е гламур, се претерува. Можеби е нормално во однос на времето во кое живееме. Се шиеше костим за матурска како знак за полнолетство.

Loading