БЕЗ ПАРИ НА ТЕАТАР ПРЕД ПРАЗНИКОТ НА ТАЛИЈА

Scena od Obdzrni se vo gnevot

Во пресрет на новото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а со цел да се подгрее атмосферата, театарот „Војдан Чернодрински“ ја организира традиционалната манифестација, Недела на бесплатен театар.

Театарџиите синоќа уживаа во изведбата на “Обѕрни се во гнев” во режија на Кристина Димитрова, а вечерва ќе се изведе “Ајнштајновите соништа” во режија на Слободан Унковски. Утревечер од 20 часот е трагикомедијата ” Хамлет од Горно Дупени” во режија на Кирил Петрески. Најмладите в недела ќе можат да ја проследат претставата за деца “Како се станува цар”.

Бесплатните влезници можат да се подигнат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

При крај се подготовките и за 51. издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Стартот е на 10 јуни со претставата “Име” на театарот Комедија од Скопје. Во официјалната конкуренција ќе се прикажат 13 претстави од кои и “Ајнштајновите соништа” на нашиот театар. Позната е и придружната програма во која на полноќ секоја вечер театарџиите ќе проследат атрактивни претстави, а во пладневниот дел ќе има промоции на театарска литература.

Инаку, влезниците за фестивалот ќе се продаваат по цена од 150 денари и ќе бидат пуштени во продажба од понеделник. 

Loading