ТРИУМФ НА „ИТАР ПЕЈО НА ПИВОФЕСТ“

ВО ТЕТОВО

Risteski i cestitase na vestata zena

„Итар Пејо на Пивофест“ í донесе прво место за десерт на Габриела Стеваноска на државната манифестација „Вешта жена“ во селото Лешок кај Тетово. Таа покажа дека Пивофестот не е само синоним за Прилеп, туку и уникатна инспирација за уредување на маса за ручек со главно јадење. Мајсторот за кулинарски дизајни собра награда на првото учество на манифестацијата, која ги обединува жените преку дружба и натпревар во украсување на вкусна трпеза. Покрај силната конкуренција од 15 ривали, нашиот експерт за креација на маса успеа да го воодушеви жирито и во категоријата комплетно декорирана трпеза, освојувајќи ја втората награда.

Со двете признанија Стеваноска ја потврди традицијата на прилепските умешни жени во готвење и декорирање. 

Loading