МАТУРАНТИТЕ ГО КРЕНАА ГРАДОТ НА НОЗЕ

Maturski coceci na ulica

Се зави матурско оро од училишните дворови до плоштадот. Весела поворка од распеани и разиграни средношколци со звуците од трубите, зурлите и тапаните го славеше полнолетството и завршувањето на средното училиште. Цела недела градот “се крена на нозе”. Девојки избендерени на рамената од посилниот пол, виткање чочеци со шишиња пиво и сокови в раце низ ритамот на плех музиката од чалгаџиите, ги красеа улиците, правејќи празник од матурата. Полицијата не го спречи дефилето, туку организира безбеден коридор. Минувачите со чудење и насмевки ги поздравуваа матурантите од чии грла ечеа македонски народни песни.

Loading