ТЕМЕЛКОВСКИ НА „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“

Борење

Teodor Temelkovski

Најдобриот борач на БК 7 Мај Леов, Теодор Темелковски е репрезентативец и прв прилепчанец кој ќе настапи на престижниот меѓународен турнир “Македонски бисер” во Скопје. На Државното сениорско во Радовиш, иако дебитант, стана вицешампион. Загуби со отпор на поискусен ривал. Во полуфиналето ја крена салата на нозе.

Клубот се претстави и на Меѓународен турнир во женско борење во Скопје. Настапи со шест девојки и сите беа први во разни категории. Медалите се за Катерина Мирческа, Маја Дејкоска, Исидора и Тамара Петрески, Нена Тодороска и Симона Темелковска. Посебен впечаток остави Исидора со две “туш” победи, а тешка е само 18 кг. и има осум години.

Loading