ПЕТ РАЗЛИКА ПРОТИВ ЗОМИМАК

Ракомет: Никола Секулиќ, пивотмен на Прилеп

– Ќе триумфираме со поддршка на навивачите

Igra so povredena noga - Nikola Sekulic

Претстои драматичниот дел од плеј – офот во Супер лигата и разврската за тоа кои екипи ќе ги освојат местата во евро – куповите. Атмосферата е зовриена, бидејќи РК Прилеп е единствениот тим од колективните спортови со шанси за меѓународно претставување. Пред пресметката со Струмица, еве ги размислувањата на засилувањето од Белград, пивотот Никола Секулиќ.

Како сезонава?

– Засега е супер. Се надевам дека со четирите меча ќе се избориме за Европа. Тренинзите се одлични.

Што очекувавте, а што се оствари?

– Дојдов од Белград, од голем во мал град. Поинаку е, но убаво е. Прекрасно сум прифатен и ми се допаѓа.

Игравте повреден со Охрид?

– Се повредив токму против истиот ривал претходниот меч за купот. Го искривив зглобот. Требаше да паузирам две – три недели, ставив бандажери и играв.

 Имавте болки?

– Болеше и не можев да трчам, но се борев. Кога ќе се загрееш не размислуваш за болките и играш.

Ризикувавте?

– Играв на своја одговорност. Немаше влошување и оздравев. Во ред сум.

Губевте 2-9, а победивте 26-24?

– Тренерот на тајм – аут ни рече да играме, да не се предаваме  до крај и ќе победиме.

В сабота е дербито со Зомимак?

– Играме за Европа. Да го осигураме пласманот, сакаме да победиме најмалку пет разлика.

Нема да е лесно?

– Таму загубивме четири разлика, но игравме без голманот Рајчиќ. Сега сме комплетни. Со поддршка на навивачите сигурно победуваме.

Совреме в сала

Поради големиот интерес за дербито Прилеп – Зомимак од домашниот клуб порачуваат гледачите навремено да ги заземат местата во салата “…Ричко”. Влезот е слободен и се очекува преполна трибина. Екипите најавуваат најдобри состави. 

Loading