ПРИЛЕПЧАНИ НА ФИНАЛЕТО

Марјан Радески, Горан Спиркоски и Марјан Стојкоски

Goran Spirkoski

Најважниот домашен клупски фудбалски меч, финалето за купот Шкендија – Работнички (2-0) на Националната арена “Филип Втори” во Скопје беше обележан од прилепчани, иако не настапи прилепска екипа. Во победничкиот состав одлично одигра Марјан Радески, стрелецот на првиот гол за тетовчаните. Голема заслуга имаше главниот судијата Горан Спиркоски, за кого ова беше трето, последно финале, бидејќи ја завршува кариерата, а обврската делегат на мечот со сите признанија беспрекорно ја изврши членот на УО на ФФМ, Марјан Стојкоски – Манта.

Манта доби уште едно признание. На мечот Работнички – Вардар, вчера, го додели пехарот за титулата државен шампион на Вардар.

Loading