ПРОДОЛЖУВА СЕСЛОВЕНСКИОТ ПРОСВЕТИТЕЛСКИ БЛЕСОК

kiril i metodij

Граѓаните на Македонија, вторник ќе го празнуваат 24 мај, Денот на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”. Солунските браќа се извонредните личности кои со своите дела го збогатија не само својот,  туку и другите народи. Го отворија патот на писменоста и ширењето на христијанскиот дух меѓу словенските народи, давајќи го придонесот кон севкупниот европски цивилизациски подем.

Градоначалникот Марјан Ристески до граѓаните на Општина Прилеп упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”. Тој потсети дека многувековната историја на македонскиот народ е многу богата.

И Претседателот на Советот на општина Прилеп, м-р Никола Димески им го честита државниот празник на прилепчани, истакнувајќи дека овој голем ден е навраќање на епохалниот цивилизациски придонес на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Честитки по повод Денот на сесловенските просветители доаѓаат и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму  уште еднаш ја истакнуваат вербата во силата на човековиот дух, еднаквоста и разбирањето меѓу народите. Македонскиот народ, вклучително и граѓаните на Општина Прилеп, продолжуваат доследно кон светлите принципи кои тие ги поставија за нас, но и кои нé научија да го сочуваме јазикот, идентитетот и културата.

Loading