СЛАТКИ ПОБЕДИ НАД ШТИПЈАНИ

Борење

7-maj leovБорачите од БК 7 Мај Леов убаво се претставија на турнирот во Велес, каде покрај домаќинот Борец, учествуваа борачи од Штип, Неготино, Скопје и Радовиш. Освоени се 13 медали, од кои 10 златни. Победници беа: Ива Вандевска, Лена Тодороска, Матеј Вандевски, Леонид Кокондоски, Леонид Каратошески, Катерина Мирческа, Маријан Мимичкоски, Теодор Темелковски и двапати Лука Тодороски. Интересен беше и двомечот со штипјани. Прочуениот клуб Балканец беше декласиран со 6-1 во категоријата до 10 години и со 7-0 до осум години.

– Во сениорска конкуренција се недостижни, но во помладите категории редовно ги победуваме. Се сметаат за најборечки град и затоа им е мака кога губат од нас – вели тренерот Саше Игњатовски.

Loading