НАШИТЕ ОДЛИЧНИ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

Атлетика

Milena CkripesaПрестижната меѓународна атлетска манифестација “Скопски маратон” ја одбележа одличниот настап на прилепските учесници. Најдолгата патека од 42,195 км. успешно ја истрча Милена Чкрипеска (АК Академик Џамбазовски) со освојување на второто место меѓу македонските претставнички, а вкупно беше осма со време од 3,22,41 часа. Во трката на 5.000 метри се истакна клупската другарка Марга Бојаџиева. Постигна второ место со време од 21,59 минути. Се работи за млада, 14-годишна атлетичарка, откритие на тренерот Ѓорѓи Гешоски.

 

 

 

 

 

 

Ilija PajmakoskiВо машка конкуренција во одлично издание се претстави Илија Пајмакоски. Истрча 5.000 метри за 16,49 минути и го освои второто место за искачување на пиедесталот.

Учествуваа над 8.000 маратонци од цел свет.

Loading