АМЕРИКАНЦИ ВО УНИВЕРЗАЛНА

Историја

Во септември 1976 година во Универзалната сала се одигра пријателски меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу домашниот, југословенски прволигаш Работнички и екипата од колеџот во Мичиген, САД. Целиот меч помина во атрактивни потези од двете страни, што предизвика воодушевување и многу аплаузи од трибините. Особено во тоа се истакнуваа гостите, кои настојуваа да демонстрираат елементи од професионалната НБА лига, а сосема рамноправен противник имаа во македонскиот тим, кој пред неколку месеци стигна до полуфиналето од европскиот КПК. Првото полувреме скопјаните водеа со 47-44, но крајот им припадна на Американците со 79-83.

Спектаклот го проследија околу 2000 гледачи.

Loading