Пинг – понг
Александар Рикалоски од ППК Младост 96 беше повикан за настап во Младинската репрезентација на Македонија. Како најмлад нејзин член боите на татковината веќе ги брани на Балканското првенство во Тиват (Црна Гора), кое стартуваше во вторникот, а ќе трае до недела. Иако дебитант во оваа категорија, очекувањата се за достојно претставување, бидејќи се работи за потврден талент, меѓу најистакнатите во државава. Претходно успешно настапуваше во Кадетската репрезентација, а за акумулирање искуство му послужија неколку силни турнири во соседните земји.
Во Тиват конкуренцијата е мошне силна, бидејќи има ривали од осум балкански земји.
![]()

