СИМФОНИСКИ ДЕТСКИ КОНЦЕРТ

Оркестарската свита „Петре и волкот“, едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев, Македонската филхармонија ќе го изведе в четврток, 19 мај од 18 часот во ЦК „Марко Цепенков“ само за 50 денари.                 Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев. Наратор е актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

Свитата е дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана е за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На пример, во „Петре и волкот“ флејтата е птица, обоата е патка, кларинетот е мачка, фаготот е дедото, гудачките инструменти се Петре и тн….  

Loading