ИЗЛОЖБА НА МАРИЈЕТА СИДОВСКИ

„За тебе љубов моја“ е изложбата од уметницата Маријета Сидовски што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“. Делата се создадени во 2014/2015 година во комбинирана техника на хартија и со големина 20х20.

– Сидовски го поетизира животот и подвлекува онтолошки и метафизички квалитети. Љубовта í е водилка која зрачи суптилно од сликите. Делата претставуваат свеченост за окото, со струја на тонови, партитури – вели Климе Коробар.

Сидовски е дипломец на ФЛУ во Скопје. Постдипломски студии завршила во Белград. Престојувала во Париз и Бретон, Франција, во  САД… Остварила 35 самостојни претставувања во земјава и странство. Учесник е на повеќе групни интернационални изложби и уметнички колонии во земјава и странство, а е добитник  на повеќе награди.

Loading