ПРЕЦИЗНА АКТЕРСКА ИГРА НИЗ РЕЖИСЕРСКО ДЕБИ

По премиерата на „Обѕрни се во гнев“

Aplauzi za akterskata ekipa i reziserkata DimitrovaЧетворица актери на театарот премиерно ја прикажаа камерната претстава „Обѕрни се во гнев“ од Џон Озборн, во режија на младата Кристина Димитрова, на која í беше деби на театарската сцена во матичната куќа. Во приказната доминира животот на младите. Публиката со занес ја проследи до крај и ја награди со аплауз. Одличната игра и делото на младата режисерка ветуваат нови театарски доживувања.

Димитрова изјави дека актерите Димитар Ѓорѓиоски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Даниела Иваноска и Илија Волчески со точна и прецизна актерска игра ги пренесле нејзините режисерски видувања.

– Мојата прва професионална режија и стартот на режисерската кариера се случува во мојот матичен театар. Планирам многу режии. Сакам да  продолжам со претставата „Госпоѓица Јулија“, започната во Куманово. Заедничко со “Обѕрни се во гнев” е дека се работи за млади луѓе во судир со вредносните системи и класните разлики – изјави Димитрова.

Првата реприза ќе може да се проследи утревечер од 20 часот.

Инаку, љубителите на театарот вечерва од 20 часот ќе можат да ја гледаат „Хамлет од Горно Дупени“, а во недела одличната „Ајнштајновите соништа“.

Loading