ТОФИЛОСКИ НЕЗАМЕНЛИВ

Словачка

Darko TofiloskiНекогашниот голман на Победа, Дарко Тофилоски, редовно е меѓу диреците од голот на словачкиот прволигаш Ружомберок. Статусот го заслужи со одличните одбрани, а со тоа се наметна како број еден во изборот на клупските стручнаци. Конкуренцијата е мошне силна, ако се знае дека во екипата се уште двајца домашни голмани, како две години повозрасниот Матеј Шавол и седум години помладиот Матуш Мацик. Разликата е огромна. Мацик бранеше вкупно 90 минути, Шавол 180, а Тофилоски дури 2340 минути. На пример, последните пет првенствени натпревари прилепчанецот бранеше по 90 минути против Михаловице, Тренчин, Жилина, Слован Братислава и Спартак Трнава, по кои Ружомберок го задржа седмото место на табелата со 41 бод.

Лидер на табелата е Тренчин, некогашниот Интертото – ривал на Победа.

Loading