НОВО ДЕРБИ СО ОХРИД

Ракомет мажи

Moment od prethodniot duel Prilep - OhridВ сабота, поради Велигден, порано од вообичаениот термин (14.30 часот) во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е нов суперлигашки дуел Прилеп – Охрид. Домашните имаат задача да го поправат негативниот биланс со овој противник. Последниот пораз е доживеан во рамноправен дуел, во рамките на четвртфиналето од Купот. На гости беше 35-32 за “рибарите”. Претходно екипата на Томче Петрески со 35-28 беше подобра од Вардар јуниор. Тука не заврши серијата, туку во средата следеше нов првенствен меч дома со Работнички (   –   ).

Табела: Вардар, Металург, Зомимак, Прилеп, Работнички, Охрид.

Loading