Пинг – понг
Во пингпонгарската Супер лига за мажи се знае шампионот, штипскиот Гоце Делчев, а за прилепскиот состав на Младост претстои борба за третото место. Во 11. коло Младост гостуваше во Штип и загуби при силен отпор. Резултатот е потврда на ова, пораз од 5-3. Останатите три кола нашите пингпонгари имаат ривали со различен квалитет. Во првиот меч извесна е победата над последнопласираната Струга, а потоа е дуелот со второпласираниот Работнички. На крајот е пресметката со директниот конкурент за третото место, Шампиони ФА од Штип.
Табела: Г. Делчев 22, Работнички 16, Шампиони ФА 12, Вардар 12, Младост 11.
Во Првата лига членовите на Младост 96 уште имаат шанси за првото место, доколку победат со Куманово, Кочани и лидерот Ѓ. Петров.
Табела: Ѓ. Петров 20, Младост 96 и Мултитекс по 18.