Ин мемориам – БЛАГОЈА СМОКВОСКИ

Blagoja SmokvoskiЖивотот го заврши во 55 година, како тренер на голманите во Победа. Смртта настапила веднаш по одработениот тренинг во вторникот. Цел живот беше во клубот, прво како голман, потоа како стручнак. Не го напушти ни во најтешките времиња, по казните од УЕФА. Еден период од кариерата мина во 11 Октомври и во Преспа. Важеше за трудољубив, чесен и искрен човек. Не знаеше за умор, на младите им демонстрираше одбрани со паради.

Почит кон неговото дело ќе има пред почетокот на саботното дерби.

Loading