СЕДУМ ИПОЛ ПОЕНИ ОД КЛАДОВО

Историја

Во февруари 1991 во Кладово (Србија) се одржа последниот поединечен шампионат на Југославија во шах. Таму учествуваше фиде-мајсторот Звонко Станојоски и постигна добар резултат. Освои 7,5 поени, само два помалку од првакот, велемајсторот Бранко Дамљановиќ (Србија). Младиот прилепски шахист имаше одличен финиш со три победи, над МК Авни Ермени (Косово), ИМ Ненад Шулава (Хрватска) и ФМ Никола Лакиќ (Босна). На конечната табела беше во горниот дел и го подели 21 место со уште осуммина учесници.

– Планирав 7,5 поени и токму толку освоив. Штета што на почетокот пропуштив две добри шанси да земам поен, потребен за добивање бал за титулата интермајстор – изјави Станојоски, сегашен велемајстор.

Loading