МИКС ОД МЕЛОДИЧНИ ГЛАСОВИ ЗА ВООДУШЕВУВАЊЕ И ГРОМОГЛАСНИ АПЛАУЗИ

На Шестиот по ред, спектакуларен ГИМФЕСТ

GIMFEST - muzicki blesok na GimnazijataМелодичните гласови на 20-те талентирани гимназијалци ечеа од сцената во големата сала на ЦК “Марко Цепенков” за време на шестото издание на музичкиот фестивал Гимфест кое се одржа на 22 април. Атмосферата во преполнетата сала ја исполнија со звуци, во знак на хуманоста ширејќи ја пораката дека “Кој пее, зло не мисли.” Музичките интерпретации беа пропратени со извици на воодушевување и громогласни аплаузи од публиката. А што друго да се очекува, ако не уште едно, успешно, спектакуларно, шесто по ред, издание во “режија” на Гимназијата “Мирче Ацев”. Музичкото ремек дело е плод на совршената организација на тимот од професори и ученици. Макотрпните подготовки, максималниот труд, љубовта и соработката се причината што Гимфест од година во година сé повеќе расте и се надградува од музички, сценски и технички аспект, за на крај многуте непроспиени ноќи да резултираат со незаборавен музички настан кој не само што никого не остава рамнодушен, туку и останува во браздите од сеќавањето сé до наредното издание.

Organizacioniot tim zad GimfestВо несекојдневната музичка вечер никој не можеше да го сокрие воодушевувањето, а за тоа доказ беше и преполната сала, каде се бараше влезница повеќе, или “празно ќоше” да се украде поглед кон сцената. Како сведоштво за големиот интерес, салата ја преплавија полно добронамерни – ученици, родители, сограѓани, кои не само што уживаа во фантастичниот фестивал, туку покажаа и широко срце за помош на тригодишниот Немања затоа што сите средства од влезниците ги отстапија за помош при лекувањето. Knap salataПретходните години, собраните средства од продажбата на билетите беа донирани за манастирот Богородица на Трескавец, за црквата Света Петка во Точила, за математичките таленти на Олимпијада…

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Марјан Ристески, потенцирајќи дека ГИМФЕСТ од година во година прераснува во современ музички фестивал, кој негува високи музички квалитети, придонесува за ширењето на вистинските вредности во културата и позитивно влијае кај младите. Според него, може да се вброи и во најквалитетните музички фестивали во земјава.

{AG}400/gimfest{/AG}

Дарбата за музика, изведувајќи светски и домашни хитови, повеќе од професионално ја покажаа Наташа Ристеска со Forget you, Ивона Нанческа со One night only, Кирил Илиески со Candle in the wind, Марија Дунимаглоска со Killing me softly, Теодора Јовеска со A natural woman, Натали Китаноска со Mercy, Симона Илиоска со Feeling good, Бистра Петреска со Врати ми го сонцето, Ивана Кормушоска со Valerie, Магдалена Кузманоска со Listen, Марио Ангелевски со Love yourself, Михаел Милошески со Боже чувај ја од зло, Ивана Илиоска со Writing’s on the wall, Јордан Аризанкоски со Soon we’ll be found, Меланија Тодороска со If I ain’t got you, Доротеа Дамјановска со Hurt, Марко Маркоски со Resistance, Анастасија Христоска со When we were young, Филип Шабаноски со Aria и Ангела Зероска со Тешко без тебе. А измеѓу четири музички блокови на сцената присутните ги забавуваа водителите Елиза Миновска, Филип Димовски и Ангела Јошевска.

На големи маки да се одберат најдобрите меѓу најдобрите беше жири комисијата во состав на советникот по музичка култура при Бирото за развој на образованието, Горан Стојанов и професорите по музичка култура м-р. Татјана Иваноска, Наталија Гарбеска, Марија Димоска и Драган Вељковиќ. На врвот беше Марио Ангелевски. Втората позиција ја зазеде Ангела Зероска, а на третото место се најде Филип Шабаноски.

So Ljubojna grmese Marko CepenkovНепосредно пред прогласувањето на победниците, шлаг на музичката “торта” беа специјалните гости на вечерта, етно групата Љубојна. На дваестминутната изведба на познати македонски народни песни се веселеше публиката од сите возрасти. А сите се дигнаа на нозе кога одекна хитот “Твојте очи Лено мори”.

За ГИМФЕСТ да изгледа како вистински професионален фестивал се погрижија членовите на комисијата за реализација м-р Татјана Ивановска, професорите Мартин Наумоски, Кети Ефремоска, Николче Богданоски, Марта Макеска, Гордица Димитриевска Груеска, Софија Крстеска и директорот Кире Николоски. Активно беше вклучена и Младинската заедница.

Loading