АКТЕРОТ ТРПЧЕСКИ ДОБИ ПОЕТСКА НАГРАДА

На Европски поетски фестивал во Нови Сад

Poetski lavri za akterot IgorTrpceskiСо престижно признание се врати од Нови Сад актерот Игор Трпчески. Меѓу 500 автори од 19 земји, жирито го прогласи за победник на Европски поетски фестивал. Наградата е за песната “Духот на тишината”, која според еминентни и истакнати творци содржи игривост и духовитост. Тие оценија дека македонскиот претставник е најквалитетен автор и рецитатор, кој ќе може да објави самостојна збирка на песни.

– Постојано е меѓу две крајности, меѓу светлото и темното, тишината и гласноста, сета е со прашања, но повеќе е смисла на пеењето и живеење, во што најмногу се искажува преку стиховите, “Дали да плачам или да пеам?”. Одговорот секако е, пеење – се вели во образложението на жирито.

За Трпчески, признанието е сатисфакција на творечкиот труд.

– Европскиот фејсбук поетски фестивал ги собира на едно место сите поети кои ги презентираат на фејсбук своите дела со цел виртуелната поетска комуникација да ја претворат во реална и поетите да се сретнат во Нови Сад – вели Трпчески.

Актерот пишува поезија од деведесетите години, додека бил студент на ФДУ. Поезија е единствената авторска книга објавено во 2007 година во рамките на проектот Прилеп град на културата. Тој е дел од Поетри слем натпреварот, кој годинава треба да се одржи во средината на јуни. Во тек е подготовката на новата збирка поезија, а наскоро ќе снима и песни на носач на звук.

Loading