ПОВИКАН ВО ТИМОТ НА ФРАНЦ

Андреј Петкоски

Naviknuva na uspesi - Andrej PetkoskiМладинската екипа на Работнички е на високото четврто место од табелата и со шанси да влезе во финалето од купот, а за овие резултати меѓу најзаслужните се тројцата прилепчани, Филип Грујоски, Давид Здравкоски и Андреј Петкоски. Стоперот Петкоски последните тренинзи ги одработува со сениорскиот тим кај тренерот Франц.

– Полека ја остварувам желбата максимално да се посветам на фудбалот. Навлегувам во професионалните води – вели Петкоски.

Почнал во ФШ Тони, продолжил во 11 Октомври и Миравци, а втора година е во Работнички. Откако имал пробни тренинзи, го одредиле во првата постава, место на кое е незаменлив до денес.  Учествува и во Спортската, фудбалска академија. Тренерите се презадоволни, а и самиот позитивно го оценува напредокот.

– Супер сум прифатен. Условите се одлични, тренираме на три – четири терени. Чувствувам дека напредувам многу. Се исплати трудот – смета Петкоски.

Негов идол е Рамос од Реал.

Loading