„ПОРТРЕТИРАНИ СЕЌАВАЊА“ ОД ЈАНА МАНЕВА – ЧУПОСКА

Вечерва изложба во галеријата

„Портретирани сеќавања“ е тематската изложба од Јана Манева Чупоска што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Според ликовниот критичар и историчар по ументост, м-р Нада Пешева, уметничката нуди приказ на една колективна меморија, повразна со македонскиот, балкански бит, што опстојува и во европската и светската култура.

За режисерот Горан Тренчовски изложбата е визуелен запис со човечки лик што обврзува на веродостојно прикажување на човечките состојби и мигови.

Јана Манева – Чупоска е декан и професор на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ во Скопје. Учествувала на многу колонии и групни изложби во земјава и во странство. Дизајнирала повеќе модни ревии. Автор е на неколку книги. 

Loading