МОНОПОЛОТ ИМА СОНЧЕВ ЧАСОВНИК

Merac na vreme so sonce vo TutunskiНа камениот магацин во Тутунскиот комбинат, малку таинтвено што и вработените не го препознаваат, постои вертикален сончев часовник. Го мери времето според положбата на сонцето. Никогаш не е под сенка. Се претпоставува дека е стар колку објектот, над 140 години, односно од градбата на монополот во 1873 година. Саатот нема механизам за курдисување, туку е мермерна плоча со знаци на ѕидот. Над него е металната прачка под соодветен агол. Сенката го покажува времето само денски. Како што се врти сонцето, сенката на прачката се менува и го одредува времето. Не е многу прецизен и постои разлика од околу 15 минути.

Сончевите часовници се познати уште од Стариот Египет. Еден е опишан и во Стариот Завет.

Се смета дека математичарот и астроном Теодосије од Битиније, околу 160 г. п. н. е. го создал овој изум според зраците на сонцето.

Loading