СОВЛАДАН БЕЛГРАДСКИ ПАРТИЗАН

Историја

Една од највредните ракометни победи се случи на 16 април 1988 година. Во салата “Македонија”, во рамките на Втората југословенска лига, ракометарите на Тутунски комбинат го совладаа фаворитот белградски Партизан со 24-22. Успехот се наѕираше уште во првото полувреме со водството од 16-12. Составот на тренерот Ангеле Гулески ја прикажа најдобрата партија во сезоната, а најефикасни во победничкиот тим беа Пеце Локвенец со осум, Бранко Арсоски со седум и Томче Петрески со четири гола. Двата бода во салдото значеа искачување на петтото место од табелата.

Денешните гиганти, скопските Металург и Вардар тогаш беа при дното од табелата, под Тутунски комбинат.

Loading