ДЕРБИ СО ВАРДАР

Пинг-понг

Пролетва во добар залет се пингпонгарите на Младост. После победите од 2-5 на гости со Нец во Скопје и дома со 5-2 над Радовиш, в недела е дербито со Вардар, пак во Скопје. Потребна е победа за зголемување на шансите за 4. место, за влез во плеј-офот. Екипата ја сочинуваат Петрески, Јованоски и Јочкоски.

– Имаат добар состав и тие со Матевски, Манасиевски и репрезентативецот Апостоловски, но шанси имаме. Есеноска ги совладавме 5-1. Сега треба да ја повториме играта – вели Зоран Јованоски.

Прилепскиот тим по три години се врати во реновираната пингпонгарска сала зад ДГС Партизан. Набавена е нова професионална маса, на која ќе се игра следната недела дома со штипскиот Шампиони ФА.

Табела: Г. Делчев 20, Работнички и Вардар по 12, Шампиони ФА 10, Младост 9.

Loading