БОДОВИ ЗА СПАС

Пионери

Radost po postignat gol - pionerite na PobedaЧетирите возрасни категории од Школата на Победа водат тешка борба за опстанок во Супер лигата. Практично, секој бод може да биде одлучувачки и првенството станува сé поинтересно. Во Младинската лига екипата досега не се прослави, со четири бода е последна. Нешто подобар е кадетскиот тим на 10. место со осум бода. Повисоко пласирани се помладите пионери, на 7. место имаат 19 бода, а постарите пионери на 7. место со 20 бода. На последните настапи помладите со 6-0, а постарите со 1-0 го совладаа Еуромилк. Бодовите се важни за севкупната табела, од која зависи опстанокот. Таму Победа е на 10. место.

Наредни противници се екипите на Шкупи.

Loading