БЛЕСНА ЗАЕДНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ

ОУ „Кирил и Методиј“ во селото Канатларци

– КОМПЛЕТНО СЕ ОБНОВЕНИ ДВЕ УЧИЛНИЦИ, ХОДНИКОТ, САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ, ПОМОШНАТА ПРОСТОРИЈА ЗА БИБЛИОТЕКА

– ЌЕ СЕ ГРАДИ И МУЛТИНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ

1. Se zajaknuvaat temelite za neguvanje na sozivotot - direktorot KuzmanoskiОУ „Кирил и Методиј“ во селото Канатларци, во кое живеат Македонци и Турци, сé повеќе е пример на соживот. За тоа не само што сведочат разните активности на учениците и наставниците кои ги отсликуваат многуте заеднички случувања во изучувањето на обичаите, традицијата и културата на двете заедници, туку и едните и другите континуирано вложуваат во подобрувањето на условите за учење и работа во оваа мултиетничка образовна установа. Така, како резултат на проектот за меѓуетнична интеграција, со помош на УСАИД и локалната самоуправа, се реконструираа две училници, тоалетите, ходниците, а опожарената помошна просторија се адаптира во библиотека и читална. Проектот е во вредност од околу 1,4 милиони денари, од кои 1,2 милиони денари се учество на УСАИД, и 200 илјади денари на општината за инвентар.

На свеченото пуштање во употреба на новиот блесок на училиштето присуствуваа претставници од УСАИД, градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на Советот, Никола Димески, директори од ОУ и СОУ, родители, деца и наставници, кои за бујрум при влезот се замиваа со колонска вода, според стариот турски адет. Училишниот хор запеа песна за среќата, а ученици во мешан состав завија македонско – турско оро кое беше поздравено со громогласен аплауз.

2. Za meraba zamivanje so kolonska vodaЗадоволството од поддршката и постигнатите резултати не го криеше директорот Влатко Кузманоски.

– Во училиштето секојдневно негуваме мултиетничка интеграција. Со проектите се зајакнуваат и чуваат темелите, оставени од татковците и дедовците. Ги воспитуваме децата да не ги делат луѓето по етничка или било каква основа, туку дека сите се исти и сите се луѓе. Во проектите, соработуваме и со ОУ “Синиша Стоилов” од селото Зрновци, ОУ “Круме Волнароски” од селото Тополчани и ОУ “Кирил и Методиј” од Кочани. Заедно реализираме мноштво активности за одржување и развивање на соживотот како нашите предци – истакна директорот Кузманоски. 

3. Vo nov sjaj ucilisteto vo seloto KanatlarciОУ “Кирил и Методиј” е третото од петте отворања на училишта пролетва што се дел од проектот на УСАИД. Во позитивната приказна партнер е и Амбасадата на САД во Скопје со средства за реновирање на училиштата во државава.

– Цел е да се интегрираат децата од различни етникуми преку образование и други активности, вклучувајќи ги и родителите, наставниците, локалните лидери и заедницата во развивањето меѓуетнички врски и градењето основа за подобра иднина. Годишно вложуваме 300 илјади долари во македонската иднина. Досега се помогнати 48 училишта – укажа координаторот Дејвид Кокс.

4. Zadovolstvoto e najgolema koga decata se slozni i radosniГрадоначалникот Марјан Ристески изрази благодареност за  соработката со УСАИД.

– Реазлизирани се повеќе проекти за подобрување на квалитетот на образование и воопшто на живењето. Годинава почнува градбата на мултинаменско игралиште во ова училиште со средства од локалната. Ова е четврт успешно проект во соработка со УСАИД, од кои два во ОУ “Блаже Конески” и реконструкција на училиштето во селото Беровци – рече градоначалникот Ристески.

Радоста беше уште поголема при разгледувањето на реконструкцијата. Гостите беа пречекани од ученици со мешан состав, кои држејќи се за половината изведоа пингвин денс, а во другата училница танцуваа на весела композиција, со што уште еднаш покажаа дека не само што се надградуваат капацитетите во училиштето, туку и се промовираат и развиваат мулти-етничките односи, секојдневно подобрувајќи го квалитетот на живеење во секој поглед.

Loading