УТЕШНА НАГРАДА

Шах

sah---Robert-VeleskiБлиц опен турнирот на Алкалоид во Скопје ги оправда очекувањата со присуство на 149 учесници. Прилеп беше најброен и организаторот додели дополнителна, посебна награда, за најуспешниот прилепчанец. Градов најдобро го претстави ФМ Роберт Велески со пласман на 13 место. Нему му припадна наградата од пакет производи. Веднаш под него, на 15 место, беше ВМ Звонко Станојоски.

Следен е турнирот Опен Карпош на 1 април.

Loading