Трета
Борбата за врвот полека спласнува, оти е јасно дека нема тим кој може да го стигне најдобриот, Вардар од Неготино. Валандовска Победа беше најблиску, но во неделата се оддалечи со ремито во Големо Коњари. Домашните и со исклучен голман во 38 минута издржаа до крај за 0-0. Сличен подвиг направи и екипата на Партизан. Во Обршани го задржа залетаниот Тиквеш со 1-1. Следат нови шанси за бодови в недела, кога Партизан гостува на Зорбас Победа, а Г. Коњари пак е домаќин, на Д. Езеро. Тимот на 11 Октомври гостува кај Победа Валандово.
Табела: Вардар Н. 42, Победа В. 34, Тиквеш 27, 11 Октомври 23.
![]()

