ОСКАРОВЕЦОТ „ПОД ЛУПА“

Вечер и утре во киното Мис Стон

filmЉубителите на филмската уметност уште вечерва (18 ч.) и утре (20:30ч.) ќе имаат можност да го гледаат оскаровецот „Под лупа“ во киното Мис Стон. Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовен новинар истражува злоставување деца во католичката црква. Се открива дека највисоките верски и државни личности со децении ги заташкувале сопствените настрани страсти. Филмот доби шест номинации за Оскар.

Филмаџиите ќе можат да уживаат и во хоророт „Дете на злото“ – (петок 20:30ч., сабота – 18:00 часот) во кој се говори за Грета, млада девојка од Америка. Во беството од проблематичното минато, прифаќа да чува осумгодишно дете од богато семејство, додека родителите се на долг одмор. Таа открива дека детето, всушност, е кукла во природна големина, која двојката ја користи за одбранбен механизам поради смртта на нивното дете пред две децении. Грета не ги почитува строгите правила за грижа и доживува кошмар, наведувајќи ја да помисли дека куклата е жива.

Loading