МИНАТОТО – ДИЈАЛОГ ЗА ИДНИНАТА

Изложба „Ана Франк“

ana frankПатувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ ќе биде отворена в понеделник во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за 39 изложбени панели со бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Содржината е панели креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, изработени од домашните експерти. Водичи ќе бидат млади волонтери, средношколци, кои ќе ја раскажат приказната на Ана Франк.

Проектот претендира да поттикне дискусија за блиското минато на Западниот Балкан, причините за различните поделби и генерирањето на конфликтите во минатиот век. Преку промовирање на критички размисли за настаните од историјата и нивното значење во современото време, целта на музејот, куќата на Ана Франк во Холандија и партнерите, е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато. 

Се очекува присуство на претставници од холандската амбасада и прикажување на краткиот филм, “Животот на Ана Франк”.

Изложбата била поставена во четириесетина земји, а во Македонија е во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Loading