БИЛЕТИ САМО ЗА 50 ДЕНАРИ

За светскиот ден на театарот

Ajnstajnovite sonista interesna pretstava za zivototСветскиот ден на театарот, 27 март, со изведбата на две претстави „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски во сабота и најгледаната комедија во „Од кол на кол“, во режија на Коле Ангеловски во недела, од 19.30 часот, ќе биде одбележан и во театарот. Само овој викенд влезниците за претставите ќе бидат по 50 денари.

„Ајнштајновите соништа“ испитува различни аспекти на времето и ја покажува неговата релативност преку шаренило од разиграни светови, додека 105 изведба на комедијата „Од кол на кол“ предизвикува смеа до кикот и кај депресивните.

На сцената ќе бидат пренесени светската порака за театарот од рускиот режисер Анатолиј Василев, насловена „Потребен ли е театар?“, во која тој потенцира дека Театарот може да ни каже сé.

Najgledanata komedija pred publikata - Odkol na   kol– И како што боговите живеат на небо, и како што затворениците скапуваат во пештерите, и како што страста возвишува, и како што љубовта погубува, и како што добриот човек не е потребен и како што измамата царува, и како што луѓето живеат по станови додека деца венеат по кампови за бегалци, и како што сите потоа треба да се вратат во пустината, и како што заљубените се разделуваат… Театар имало и секогаш ќе има – пишува Василев, потенцирајќи дека е потребно да е различен и секаков.

Македонската порака под мотото „Овде и сега“ ја напиша режисерот Бранко Ставрев, кој вели дека во ова најново сега и овде, гледаме крвав театар во кој  и невестата на пустината е срамнета со земјата, терористи сечат човечки глави и се чепатат на екраните на умниот Интернет, го уриваат само она милениумско културно наследство што не се продава на црниот светски пазар, милиони страдалнички семејства во старозаветен мизансцен се влечкаат по шините на возовите-убијци или пловат товарени како добиток врз импровизирани кораби.

– Театарот ќе мора овие потресни библиски фрески и гротески и сите други настани од споулавениот уличен театар на нашето неспокојно катадневие да ги внесе во својот храм, каде што им е местото, и да им го подметне старото Хамлетово огледало на природата, кое на доблеста и овојпат ќе í ги покаже нејзините црти, на презирот неговата слика, а на самиот век и тело на времето, нивниот облик и отпечаток – вели Ставрев.

Loading