ТИКВЕШ ВО ОБРШАНИ

Трета

Претстои интересен пролетен дел од третолигашкото првенство на групата Југ, особено во борбата за опстанок кон средината на табелата. Екипата на Партизан освои важен бод во Удово, каде одигра 0-0 со Младост. После ова со голем оптимизам се очекува неделниот дуел во Обршани со некогашниот прволигаш Тиквеш. Кавадарчани силата ја покажаа преку триумфот од 3-0 над 11 Октомври. Останати: 11 Октомври – Зорбас Победа, Г. Коњари – Победа В., Д. Езеро – Млекар.

Табела: Вардар 39, Победа В. 33, Тиквеш 26, Превалец и 11 Октомври по 20.

Loading