ЃОРЃИОСКА Е РЕПРЕЗЕНТАТИВКА

Ракомет жени

Селекторот Симе Симовски го објави списокот на Младата женска репрезентација и во него е Ивана Ѓорѓиоска, левото крило на Прилеп. Ова признание за неа и за клубот значи поттик за уште подобри настапи. Есеноска одлично играше и беше мошне ефикасна во прилепскиот состав, придонесувајќи за трите првенствени победи. Со репрезентацијата веќе е во Париз, каде ќе одигра три квалификациски мечеви за Светското првенство. Денеска е дуелот со Израел, в сабота со Словенија, в недела со Франција.

За ова време екипата на Прилеп договара два контролни меча со грчката Филота аминдио.

Loading