ТРАНСФОРМАЦИИ БЕЗ ЗДИВ

Marija Sekuloska vo maskata na MaleficentДека маскирањето некогаш не е само обично преправање и облекување на костим за доловување на друг лик за Прочка, туку е уметност и креација која граничи со совршенство, се покажа и со годинешната маска која ја имаше Марија Секулоска од кабинетот на градоначалникот. Дека погодокот беше сто проценти, призна и креаторот Алек Палада на Фејсбук, кој беше задоволен од крајниот ефект за спојот на шминката и облеката креирана од неговата мајка Снежана Палада. На многумина не им се веруваше на очите од успешноста на маската… Небаре убавата млада жена со чисто срце, Малефицент, пристигна од царството во шумата.

Gejsa - lanskata maska na SekuloskaНе е првпат Палада да потроши неколку часа трпелив труд за шминката за Прочка. Лани Секулоска беше гејша која остава без здив.

Студиото Палада традиционално се грижи и за шминката на првата дама на градот, Фанче Ристеска која годинава беше во традиционална руска народна носија.

Loading