ИНТЕЗИВИРАНА ГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Ставревски во Прилеп

Nadgleduvanje na tekot na gradbata na grandizoniot i edinstven proekt vo zemjavaВицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски го разгледа текот на градбата на пречистителната станица. Според него, Прилеп еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со отпадните води со проектот финансиран со заеднички средства од ЕУ и Владата во вредност од 26 милиони евра.

– Работите се одвиваат според динамиката и временските услови. Очекуваме годинава да заврши градбата, а пролетта, 2017 година, да се оконча и втората фаза од обновата на канализациската мрежа, долга 65 километри. За пречистителната станица ќе се вложат 10 милиони, а 16 милиони евра за обновата на канализацијата – рече Ставревски.

За градоначалникот Марјан Ристески, пречистителната станица е капитален проект.

Cista voda v reka do krajot na godinava– Решавањето на проблемот со третманот на отпадните води е важен за подобрување на условите за живот за многу генерации. Претстои градбата на фабриката за селекција и рециклирање на отпадот.  Така, Прилеп ќе се вброи во градовите со европски атрибути – рече Ристески.

Ставревски откри дека за брзо време ќе почне изградбата на патот од Градско кон Прилеп, долг 33 километри, бидејќи се очекува банкарската гаранција на изведувачот. Патот ќе биде со четири ленти.            При престојот, вториот човек на Владата имаше средба со менаџментот на трикотажата со извозна ориентација, Тритекс, која ангажира над 200 работници и инвестира неколку милиони евра во нов погон.

Помалку десет илјади невработени

Речиси за десет илјади е намалена бројката на невработени од 2006 година, при што голем дел се со активните мерки, грантови за самовработување, кредитирање и проектот, “Македонија вработува”.

– Се очекуваат нови вработувања во инвестициите на американската компанија Гентерм и на германската Акомпласт. Но, и во  индустриската зона, каде неколку домашни компании наскоро ќе ги стават во погон новите фабрики – рече Ставревски.

За “Купи куќа за млади”, 370 плацеви

Со проектот “Купи куќа за млади”, градот нуди 370 плаца за индивидуална и колективна градба во населбата Градина, младите до 35 години да обезбедат свој дом. Државната поддршка доаѓа во првите години кога парите се најпотребни. Помошта од Владата може да биде до 33.000 евра за 11 години.

Loading