„TILLA“ СО ПРОДАВНИЦА ВО ПРИЛЕП

Одбележувањето на 17 години од постоењето на компанијата и 7 години од постоењето на детскиот бренд за облека „Tilla“, компанијата „Хатра” го означи и со отворање на својата прва сопствена продавница лоцирана во зграда Македонија.

Досега брендот „Tilla” се продаваше во многу бутици за детска облека. Освен во сите градови на Македонија, од лани брендот Tilla може да се најде и во БиХ, Швајцарија, а дел се извезува и за Бугарија.

Според сопственикот на компанијата, Благоја Конески, планираат да отворат ланец на вакви бутици низ сите поголеми градови во Македонија, првенствено и во Скопје.

Loading