ЉУБОВТА КОН МУЗИКАТА ДОВЕДЕ ДО ДЕТСКИ ОРКЕСТАР

I hor i orkestara vo ednoДваесет ученици од музичкото училиште се усогласија да звучат едно, свирејќи на различни инструменти. Одекнаа тапани, виолини, флејти, хармоники, клавир, пијано под ист такт заедно со хорот од ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”, под диригенство на професорката Јулија Златеска. Не е ни камерен, ни синфониски, туку се “роди” детски оркестар.

Големо задоволство не само на децата, туку и на професорите, па и на родителите и гостите пред кои се промовираше оркестарот. Одамна салата така не одекнала. Досега музичкото се преставуваше само со хорот, а сега го придружуваше и оркестар во изведбата на шпанска композиција. Од мали состави на инструменти, најпосле со помош на директорот Игор Николоски се оствари идејата за оркестар од деца од сите класи на музицирање. Конечно, музичкото училиште организира оркестар.

– Преку учењето да се свири во оркестар се развива љубовта и децата се оспособуваат кон заедничко музицирање. Тие чувствуваат друг вид на музика. Тешко е да се усогласат, да звучат едно, оти пред сé се деца. Со работа се постигнува целта – кажува Златеска, професор по клавир и оркестар.

Постепено спремаат неколку композиции. Во мај ќе настапат на годишниот концерт, а в година ќе се натпреваруваат. 

Loading