ТОПЛЕС ДИЏЕЈКА ГО ВЖЕШТИ КАЛИПСО

Okoreni oci na ukrainskoto toples mikserkaРазголената Диџејка од Украина, Милана, го “запали” клубот Калипсо. Миксањето на една од најатрактивните топлес диџеи не само со раширени раце, туку и со ококорени очи го пречекаа прилепчани. Како што вешто ги движеше прстите додека пушташе музика, така слекуваше парче по парче од “многуте” алишта, зовривајќи ја атмосферата. Почна со симнувањето на секси бикинито, од кое наѕираа нејзините гради “скриени” со циркони во вид на срциња. Гушнувајќи ја диџеј платформата со високите потпетици, го фрли и шеширот, па и очилата за сонце, иако беше мрак. Слече такаречи сé од себе, освен слушалките на вратот. Со уникатниот стил на пуштање музика приреди “валкан” петок, привлекувајќи внимание.

Loading