ТУТУН НА КАНТАР

Seirdziii na kantarДодека се прибираат псоледните картони тутун кај откупувачите, сликата демонстрира проценка на тутунот меѓу двете светски војни во монополот. Предавањето на родот се следело од бурното око и на проценителите, и на сопствениците, но и на “сеирџиите”. 

На прилепчани тутунот им е во крвта. Од дедо прадедо се “задоени” со тутунскиот катран. Предавањето на родот претставувал домашен празник, зашто потта од целогодишниот напор се ставала на канатар. И тогаш, како сега, тутунот се ценел според мостри. Помалите листови со златна боја биле поскапи, а поголемите не биле толку ценети.

Како и да е, било и ќе остане дека оној кој продава смета дека родот го дал евтино, а оној кој го купува платил скапо и “не му излегува есапот”. И тогаш, и сега, државата се обидува да направи ред. 

Loading